Портпаролот на француската Влада, Габриел Атал денеска изјави дека нема да има олеснување на мерките на земјата во блиска иднина.
Тој на прес-конференција, најави дека францускиот претседател Емануел Макрон ќе и се обрати на нацијата следната недела во врска со ситуацијата со вирусот Ковид-19.
Засега, француските медиуми објавуваат за тоа што Макрон би можел да и каже на нацијата и дали се во оптек некои нови мерки за спречување на коронавирусот.