На 17.11.2020 во 11.30 часот С.С.(34) од Скопје пријавила дека на 13.11.2020 околу 10.30 часот во Градската општа болница „8 Септември“, додека извршувала работни задачи во амбуланта во рамки на Ковид центарот, била физички нападната од едно лице.
Се работи на расчистување на случајот.