Кампањата за „максимален притисок” што САД ја водат против режимот во Иран продолжува да е исклучително ефективна, иранската економија е зафатена со девалвација на националната валута, јавниот долг се зголемува, инфлацијата расте, па затоа не е пожелно укинување на санкциите, соопшти денеска државниот секретар Мајк Помпео.
Ефектите од санкции за итанската нафта се видливи.
-Од мај 2018 режимот изгуби 70 милијарди долари профит од нафта и продолжуваме да го лишуваме најмалку 50 милјарди долари годишно, истакна Помпео.
Од Стејт департментот во денешното соопштение укажуваат дека санкциите го лишуваат режимот од финансирање на своите злонамерни активности. Како дирктен резултат на ова, Иран го намалил својот воен буџет за 25 отсто.
-Санкциите се дел од притисокот да се создаде нов Блиски Исток, и заедништво на земјите кои страдаат од иранското насилство и бараат помирен и постабилен регион.
Помпео потсетува дека намалување на притисокот врз режимот ќе биде опасен избор, ќе ги намали партнерставата за мир во регионот, а ќе ја засили Иранската Република. Тој се наврати на поблиското минато, кога токму укинувањето на санкциите предизвикало Иран да започне со финансирање на тероризмот, да го зголеми трошењето за одбрана.
-Од укинувањето на санкциите корист ќе имаат само групите поврзани со режимот и партнерите. Иранскиот народ нема да има корист, и наместо тоа се зголеми финансирањето на војската и на Басиџ, (огранок на Корпусот на исламската револуција), клучна алатка во репресиите врз сопствениот народ.
Укинувањетона санкциите ќе донесе многу кеш за режимот за скромно намалување на нуклеарното вооружување, смета Помпео.
Државниот секретар моментално е на европско-блискоисточна турнеја, синоќа беше во Тбилиси, Грузија, а денеска е во посета на Израел, каде се сретна со министерот за надворешни на Бахреин и домаќинот Бенјамин Нетанјаху.