Холивудскиот актер Бред Пит им помогна на оние кои имаат потреба од неа а живеат во Лос Анџелес. Toj носел кутии со храна во „South Central “, а луѓето стоеле во ред за да добијат храна што Бред ја донел со камионот. Тој ги доставувал кутиите со часови.
Сите оние кои не можат многу да си дозволат беа благодарни за помошта, но многу од нив не сфатија дека меѓу нив е една од најпознатите sвезди на денешницата. Некои го припишуваат ова на стилот на облекување на Пит – носел фармерки, маица и кошула, а имал и маска, па уште потешко било да се препознае.
– Тој воопшто не се истакнуваше. Дојде и ги донесе кутиите, но имаше маска за да се заштити од коронавирус. Многумина немаа поим кој е тој, изјави извор за странски медиуми. За време на паузите од помагање, Бред запали цигара, разговараше со бринетата, но го прегрна и неговиот пријател, британскиот уметник Томас Хаусаг.
Актерот се погрижил и целата ситуација да биде забавна, па од возилото извадил преносен звучник и го поврзал со неговиот мобилен телефон и им пуштил музика на насобраните.