Поранешниот претседател на Собранието, Тито Петковски во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 говореше за македонско-бугарските односи. Како што истакна тој, оваа блокада кон патот за Европската Унија од нашиот источен сосед нема да заврши за скоро време.
-Спорот не започнува нити ќе заврши овој период. Ова е четврт пораз на Бугарија. Никако не се прифати фактот дека Македонија се „роди“ како држава за време на Втората светска војна. Уште во 2005 напишав aко Бугарија влезе пред Македонија во ЕУ, ние никогаш нема да влеземе. Дај Боже да грешам, да се случат некои чуда. Непријателското однесување е затоа што ни после 107 години, Бугарите се фрустрираат од фактот дека не успеаја да го убијат чувството на припадност на Македонија,