Од вкупниот број деловни субјекти годинава 54,5 проценти имале веб-страница или почетна страница. Во однос на е-трговијата, 6,2 проценти од деловните субјекти со e-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 5,5 отсто примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба, објави денеска Државниот завод за статистика.
Компјутер во својата работа годинава користеле 97,3 проценти од деловните субјекти, а широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 91,6 проценти од фирмите со десет или повеќе вработени.