Осигурителната група Уника планира да укине околу 600 работни места до 2022 година, претежно во Австрија и да затвори една третина од филијалите во матичната земја, соопшти денеска австриската осигурителна компанија.
Во соопштението се наведува дека намалувањето на бројот на вработени треба да се реализира што е можно повеќе преку „природен одлив” на работната сила, односно пензионирање и договорено прекинување на работниот однос, пренесува порталот de24. news.
Во периодот јануари-септември годинава, групата Уника во просек имала 12.750 вработени.
Намалувањето на бројот на работни места оваа година ќе ја чини компанијата до 110 милиони евра, но раководството смета дека ќе ги надомести тие трошоци со заштеда на идните трошоци во износ до околу 50 милиони евра годишно.