Роберт О‘Брајан, советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, замина во работна посета на Виетнам и Филипините, соопштија синоќа од Белата куќа.
Тие земји ја споделуваат загриженоста на САД по повод се поагресивното поведение на Кина и опширните претензии на оваа земја во морските води на Азија.
Советот за национална безбедност на Белата куќа соопшти на Твитер дека О‘Брајан ќе се сретне со лидерите на двете земји „за да се потврди цврстината на нашите билатерални односи и да се разгледаат деталите околу соработката во областа на регионалната безбедност”.
Посетата на О‘Брајан на Ханој доаѓа по визитата на државниот секретар Мајк Помпео во октомври.