Владата ќе распарва за прогласување на кризната состојба, а воведување на полициски час во моментов не е потребен

Владата на С: Македонија за вечерва закажа седница на која ќе расправа за прогласување на кризна состојба на целата територијата од државата во траење од 30 дена. Оваа потреба за справување со здравствената криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот доаѓа откако  денеска Советот за безбедност препорача носење на ваква мерка за да се засилат капацитетите на здравствениот систем. Со прогласување на кризната состојба менаџирањето со капацитете на приватните болници ќе го преземе државата во насока на компелтна мобилизација на здравствениот систем за справување со здравствената криза.

Прогласувањето на кризната состојба нема да значи и воведување на полициски час. Од владата сметаат дека негово воведување во моментов не би имало никаков ефект и оти веќе донесените рестриктивни мерки се доволни и покажале резултат на намалување на преносот на вирусот. Полицискиот час останува опција доколку има влошување на здравствената ссосотјба во земата.

 

Треба да знаете
Последни објави