Ракометарите на Вардар го доживејаа првиот пораз како домаќини во новата сезона од Лигата на шампионите кои ги игра пред прљазни трибини поради здравствено-безбедносните протоколи во битката со пандемијата предизвикана од коронавирусот. По триумфот над Фленсбург и ремито со Порто, од Скопје со победа си заминува полскиот првак Кјелце (29-33).
Според хрватскиот ракометен интернационалец Иван Чупиќ кој своевремено беше и дел од тимот на Кјелце со кого има освоено трофеј во ЛШ, како и со Вардар, голманот на полскиот тим Вулф е најзаслужниот за ваквиот исход на 11 пресметка меѓу овие две екипи.
-Не знам што паметно да кажам. Добро почнавме со неколку лесни погодоци и пробавме
да го спречиме контранападот на Кјелце, бидејќи знаеме дека казнуваат грешки на ривалот. Се
подготовивме за таква игра, но ако грешиш и брзо ќе го загубиш водство. Во вториот дел ја сменивме одбраната во 6-0 бидејќи знаеме за индивидуалните квалитети на Карачиќ и Душебаев, направивме неколку голови во серија. Но кога имавме двајца играчи повеќе, Вулф одбрани две топки, ги казнија нашите грешки и тешко беше да се вратиме против екипа како Кјелце. Тие се екипа од европскиот врв и играа на долги напади. За да се победи ваква екипа треба да се игра добро во континуитет низ целиот натпреавр. Ни дадоа добар пример, како треба и ние да играме во продолжението од ЛШ, да знаеме понекогаш и кога не играме најдобро, да победиме. Имавме наши моменти, но таква игра на периоди против врвни екипи не носи победи. Имавме црни минути и во прво и во второ полувреме. За седум дена не чека нов натпревар на теренот на противникот, изјави Чупиќ по мечот во Скопје.