Македонскиот и сеуште актуелен европски машки ракометен првак Вардар е поразе како домаќин од Кјелце (33-29) во натпреаврот од групата А во Лигата на шампионите. Вардар одигра со осцилации. Имаше свои „пет минути“ на дуелот во „Јане Сандански“ пред празните трибини, но не и континуитет за да го совлада полскиот првак Кјелце, кој беше предводен од поранешниот вардарови играчи Алекс Душебаев кој постигна 10 голови, и Игор Карачиќ кој аситираше и го разигруваше тимот во моментите кога „црвено-црните“ беа во налет и со резултаска предност.
-Честитки до Кјелце за победата, за прикажаната добра ракометна партија. Се она што ние погрешивме во напад, знаеа да го казнат. Ние имавме проблеме во нападот во првото полувреме, тоа противникот знаеше да го искористи и имавме негатива од три гола на паузата. Во второто полувреме успеавме да се вратиме, поведовме. Имавме ситуација шест на четири која не ја искористивме, а тоа им како Кјелце знае како да го казни и на крајот беа подобрар тим во реализацијата и играта во напад. Ние немавме решение за Душебаев кој беше расположен за игра. Сакам да им честитам на моите играчи на залагањето, за тоа што секој ден го прават на тренинзите и секако на овој натпревар. Мораме да гледаме напред, да се трудиме реваншот во Кјелце да бидеме подобри -рече Стевче Алушовски тренерот на Вардар по мечот.