„Франција ќе ја добие битката против коронавирусот, но за тоа е потребно време“, изјави министерот за здравство Оливие Веран.
Тој предупреди дека менталното здравје на Французите се влошува за време на второто затворање на земјата, поради вознемиреност и неизвесност предизвикана од пандемијата, пренесува „Ројтерс“.
„Вирусот циркулира помалку отколку пред затворањето. Не смееме да ги изневериме нашите напори. Затворањето не е поминато”, рече Веран на прес-конференција.
Трет ден по ред се намалува бројот на хоспитализирани пациенти, од кои во моментов има околу 32.000. Досега починале 47.127 лица како резултат на вирусот.