Џорџ Сорос е најкорумпираниот човек во модерната меѓународна политика и претставува закана за Унгарија и Полска, оцени денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во интервју за националното радио „Кошут“, тој рече дека Сорос, американскиот финансиер со унгарско потекло, имал многу политичари на неговиот платен список и дека силата на корупцијата стои зад бирократите во Брисел кои ја уценуваат и се закануваат на Унгарија.
Унгарскиот премиер рече дека Сорос е закана по Унгарија и Полска, иако Европската унија обично ги решава споровите преку преговори, пренесува МТИ.
Тој рече дека бескрупулозните лаги за Унгарија не се невообичаени, но дека тие сега достигнале критична точка.
Единственото прифатливо решение за актуелниот проблем во врска со буџетот на ЕУ и фондовите за закрепнување ќе се заснова на закон, а не на политика“ посочи унгарскиот премиер.
„Со придонесот на Сорос, тие сакаат да формираат институции кои би можеле да ја принудат Унгарија да ја отвори границата на југот и да прифати мигранти“, рече Орбан, нагласувајќи дека Будимпешта категорично ги отфрла ваквите барања.