Ракометарките на Куманово убедливо се поразени на гостувањето во Лвов во првиот меч од 3. коло од Европскиот куп од укранискиот тим Галичанка со 33-17. Македонскиот клуб одигра добро прво полувреме во кое имаа негатива само од три гола 11-8, по што во вториот дел домашниот тим им одржа ракометна лекција и на крајот македонскиот претставник во ова натпреаврување беше декласиран.
Галичанка ја наполни мрежата на кумановски со 22 гола во вториот дел. По убедливиот пораз Куманово нема што да бара на реваншот в недела.
Александра Боризовска и Мила Трајковиќ со по четири гола беа најефикасни кај Куманово, а Полјак постигна осум и Дмитришин седум гола кај тимот од Украина.