Сантос во чест на Пеле стави круна на клупскиот амблем 

Бразилскиот фудбалски клуб Сантос, во кој прославениот Пеле ја мина речиси целата своја кариера, во негова чест додаде круна на клупскиот амблем. 

Трикратниот светски првак Пеле почина вчера на 82-годишна возраст – 16 месеци откако лекарите му дијагностицираа рак на дебелото црево. 

Досега на клупското лого на Сантос стоеја две ѕвездички, во знак на освоените повеќе од 20 титули, а круната симболично го претставува Пеле како крал на фудбалот. 

Пеле во Сантос ја почна кариерата во 1956 година и остана во клубот од Сао Паоло до 1974 година, кога мина во њујоршки Космос. 

Пеле во дресот на Сантос освои 25 титули, одигра 659 официјални натпревари и постигна 643 голови.

Треба да знаете
Последни објави