На територија на град Скопје вчера беа изречени вкупно 334 санкции, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, што ги спроведува МВР. Од нив, 24 се санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, десет мерки се изречени за управување под дејство на алкохол, 33 за користење на мобилен телефон, 20 санкции за неносење заштитна маска, 70 мерки за непрописно паркирани возила, a 56 возила се подигнати од „пајак” службата.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.