Градежник, кој работи на изградба на новиот мост „АСНОМ“ кај хотел „Русија“ вчера спасил дементен старец од давење, информираат од полицијата.
-На 20.11.2020 во 14.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека позади хотел на мост во изградба на подрачјето на Аеродрoм, од водите на реката Вардар бил изваден Б.М.(81) од Скопје. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на место на настанот и по извршен разговор со С.С.(27) од Тетово, тој појаснил дека, додека извршувал градежни работи на мостот, го забележал Б.М. во водите на Вардар, по што влегол во реката и го извадил, велат од МВР.
Од лекар од Итна медицинска помош бил извршен преглед и било констатирано дека Б.М. е во добра состојба, по што бил вратен во неговиот дом, каде од неговата снаа било појаснето дека Б.М. имал здравствени проблеми и без нивно знаење го напуштил домот.