Високиот меѓународен претставник за БиХ Валентин Инцко рече дека дваесет и пет години откако Дејтонскиот мировен договор стави крај на војната во БиХ, земјата денес се соочува со огромни предизвици.
-Сепак, додека ги решаваме, да не заборавиме дека Дејтон го зачува мирот. А тоа не е малку. Само накратко да се потсетиме на ситуацијата во Нагорно-Карабах, Кавказ или на Блискиот исток или да се потсетиме на бегалската криза. Но, мирот не е крај. Мирот е почетна точка. Или, како што рече покојниот висок претставник Педи Ешдаун, „Дејтон е темелот, а не таванот”. Дејтон е основа за државата што се обидуваме заедно да ја градиме и надградуваме – рече Инцко по повод 25-годишнината од Дејтонскиот мировен договор.
Тој посочува дека мирот овозможи да се оди напред, иако земјата се движи многу побавно отколку што граѓаните со право очекуваат.