Скопјани можат да дишат слободно. Мерните станици во градот денеска покажуваат ниска концентрација на присуство на ПМ10 честички во воздухот. Скопје на апликацијата „Мој воздух“ е обоено во зелено, какво неговите граѓани сакаат да го гледаат редовно.
Воздухот беше чист, но времето не им беше наклонето на скопјани за излегување од домовите за прошетка.
Грејната сезона одамна е почната, а Скопје не е постојано во „црвено“ како изминатите години. Се повеќе има денови кога загадувањето на амбиенталниот воздух е на многу ниско ниво или пак воопшто го нема, како што беше случај денеска.
Се повеќе денови кога ќе се дише чист воздух во Скопје треба да очекуваме и во преостанатиот дел од зимската грејна сезона. За затоплување на своите домови има наши сограѓани кои горат се и сешто и во голема мера придонесуваат воздухот да биде загаден, додека институциите се обидуваат со конкретни мерки да ја подобрат сликата за загадувањето.
За да се намали ваквата ситуација и значително да се подобри воздух, градоначаникот на Скопје и неговите колеги од скопските општини, преземаа интервентни мерки за решавање на овој сериозен проблем кој создава далекусежни последици по здравјето на граѓаните. Оваа гарнитура на раководни луѓе на територијата на градот Скопје веќе има преземено 27 интервентни мерки за почист воздух и животна средина. Тука не треба да застанат за да се реши овој долгогодишен проблем со загадувањето.
Со набавувањето на новите автобуси на гас за одржување на јавниот превоз, стопостотното субвенционирање на граѓаните за набавка на пет илјади инвертер клими… институциите на локално ниво преземаат конкретни чекори да го намалат загдувањето на воздухот, но за тоа да има поголем ефект и бенефит за секој еден граѓанин потребно е и жителите на македонската престолнина да демонстрираат одговорност кон животната средина.