Англискиот фудбалски прмиерлигаш Манчестер јунајтед тешко дојде до трите бода од дуелот со ВБА во 9. коло, бидејќи на Бруно Фернандеш му беше потребно двапати да шутира од белата точка за да го постигне победничкиот гол за минимален триумф (1:0). Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ имаше повеќе шанси, но погоди само еднаш и тоа од повторен пенал. На почетокот од првото полувреме беше досуден пенал за ВБА, но по прегледувањето на ВАР-технологијата одлуката беше преиначена.
Во 55. минута Манчестер јунајтед доби пенал, Фернандеш не реализираше, но голманот на ВБА не газеше на линијата, па Португалецот доби шанса да се корегира и во вториот обид ја искористи шансата да го постигне победничкиот гол.
ВБА имаше шанса да изедначи преку Робинсон, но ја погоди пречката од голот на Де Хеа.