Бен Афлек и Ана де Армас повторно беа заедно во Њу Орлеанс за да преснимаат некои сцени од трилерот Deep Water („Длабока вода“).
Парот е фотографиран на балкон во „Биг изи“, а Де Армас има блескав дијамантски прстен на левата рака.
Нејасно е дали прстенот што го носи е поврзан со ликот што го глуми во филмот, или парот планира да објави голема вест и покрај гласините дека, наводно, се разделиле. Ваквите шпекулации се должат на фактот што повеќе од еден месец не беа забележани заедно.
Ѕвездата на „Армагедон“ и добитник на Оскар за режија за „Арго“ (48) и 32-годишната Кубанка номинирана за „Златен глобус“ се запознаа на снимањето на „Длабока Вода“.