Водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи рече дека САД може да постигнат имунитет на стадо во разумно брз период следната година.
Прогнозата на Фаучи, сепак, се заснова на фактот дека тоа ќе биде можно само доколку доволен број Американци се вакцинираат против коронавирус.
Фаучи за американската телевизија „Си-би-ес“ изјави дека помошта е на пат во форма на вакцина, но дека Американците треба да бидат внимателни како што се ближат празниците и да спречат ширење на вирусот во текот на зимата.
Тој додаде дека САД се во многу, многу тешка ситуација, бидејќи бројот на случаи на инфекција продолжува да расте.
„Вакцините ќе бидат достапни релативно наскоро, ако Американците издржат“, рече Фаучи.