Ливерпул го совлада Лестер (3:0) во мечот од Премиер лигата одигран на „Енфилд“.
„Црвените” поставија нов клупски рекорд со продолжување на низата без пораз на домашен терен на 64 натпревари.
Екипата на Јирген Клоп победи во 53 од 64 натпревари, а 11 пати ремизираше.
Ливерпул постигна 169 гола, прими 42.