Интегрален текст од изјава на Младен Јаневски од ВМРО-ДПМНЕ
„Денес се наоѓаме во Општина Аеродром на патот помеѓу Долно Лисиче и Јурумлери. Ова што го гледате зад мене е дива депонија крај течението на реката Вардар, која е доказ за негрижата на локалните власти за животната средина.
За жал, ова е честа слика на територијата на градот Скопје. Вакви диви депонии може да сретнете и кај Вардариште- во близина на строгиот центар на градот, во Ново Село- Општина Ѓорче Петров, во Трнодол- Општина Карпош, во Железара и во Дендропаркот во Трубарево- Општина Гази Баба.
Сакаме да ги потсетиме градоначалниците дека во своите предизборни кампањи во 2017 година ветуваа чист воздух од првиот ден на доаѓање на власт, чиста животна средина и повеќе зелени површини. Ова што го гледаме денес е сосема спротивно на нивните ветувања. Оттука сакам да ги прашам, дали чекаат да започне предизборна кампања за да сработат нешто или нивните празни ветувања беа само со една цел, да седнат во фотелјите на општините и градот Скопје без да се грижат за проблемите на граѓаните?