Светлана Бојковиќ три пати се омажи, а признава дека изневерувала додека била во брак

Актерката Светлана Цеца Бојковиќ со години е во хармонична заедница со нејзиниот сопруг Славко Круљевиќ, додека зад себе има уште два брака.

Првиот сопруг на Цеца Бојковиќ беше Милош Шутиќ, со кого ја доби ќерката Катарина Шутиќ, која исто така е актерка.

Додека таа сè уште беше официјално омажена за Милош, таа се запозна и се заљуби во вториот сопруг – Љубомир Муци Драшкиќ.

– Моите бракови се преклопија во осумдесеттите години. Влегов во заедница со Муци пред разводот со Милош. Љубовта со Муци беше посилна од сите законски норми, а ние официјално се венчавме дури во 1990 година. Бидејќи тој, од првиот брак, излезе од семејството на ист начин како и јас – изјавила актерката.

Таа вели дека се омажила за Милош Шутиќ кога била премногу млада и незрела за брачна заедница.

– Се омажив кога имав 21 година. Бевме незрели за брак. И се случи ерозија на нашата заедница, но не и на нашиот човечки однос. Тој наш човечки однос не беше отсутен до крајот на неговиот живот, сè до 1993 година, до неговата педесет и четврта година, и покрај тоа што и двајцата бевме во нови бракови. И, двајцата бевме и остануваме многу блиски. Милош ја надмина најтешката болест – рече таа.

Вториот сопруг на Светлана исто така бил болен.

– На крајот на деведесеттите, тој започна да тоне во еден вид депресија, а вистинскиот израз е откажување од животот. Никогаш порано не сакаше да биде „проверен“ од лекар. Неговите пријатели по бомбардирањето го однесоа во болницата „Свети Сава“, а потоа му бил дијагностициран проблем со крвните садови. Почина во 2004 година од срцев удар на шеесет и седумгодишна возраст – рече актерката во една прилика.

И токму кога помислила дека ќе стави крај на бракот како институција, и се случила неочекувана љубов која трае со години.

Среќата ја пронајде кај Славко Круљевиќ, дипломат кој е вработен во Министерството за надворешни работи на Србија.

Преземено од Вечер

Треба да знаете
Последни објави