Литванскиот Парламент од утре ќе паузира една недела со цел да спречи ширење на коронавирусот меѓу пратениците.
Литванската Влада размислува за проширување и заострување на рестриктивните мерки за заклучување со затворање на трговски центри, бидејќи малку е постигнато со сегашните ограничувања за спречување на ширењето на вирусот меѓу населението во вториот бран.
– Поради влошување на ситуацијата, решивме по седницата во вторник, парламентот да паузира една недела, рече спикерката на Парламентот Викторија Чмилите-Нилсен на онлајн прес-конференција.
Таа е една од тројцата пратеници кај кого е потврден коронавирусот, додека најмалку 14 од отидоа во самоизолација откако биле во контакт со заразено лице на првата седница на новоизбраниот парламент одржана на 13 ноември.
Бројот на лица заразени со коронавирусот во Литванија во изминатите две недели е зголемен за повеќе од двојно, и покрај тоа што мерките за заклучување стапија во сила на 3 ноември, кога во последните две недели беа регистрирани 316 случаи на 100.000 жители.