Преминот Евзони утре затворен поради штрајк на грчките цариници

Граничниот премин Евзони ќе биде 24 часа затворен за секаков вид сообраќај поради штрајк на грчките цариници.

Раководителот на смена на ПС за ГП и ГН Богородица е информиран од раководител на смена на ГП Евзони дека поради 24 часовен штрајк на грчките царински служби, Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 5 часот на 24.11.2020  до 5  часот на 25.11.2020 година, информира МВР

Треба да знаете
Последни објави