Денес, Велика Британија има едно од најниските нивоа на стапки на пушење во Европа, што е доказ за работата на повеќе влади во поглед на прифаќањето на намалувањето на ризикот од тутун како стратегија за дополнување на регулативите насочени кон спречување и намалување на стапките на пушење. Имајќи предвид дека во Велика Британија стапката на пушење се намали на 14,1% од 30% колку што беше пред 30 години, може да се каже дека досега е постигнат значителен напредок.
Пристапот во градење на регулатива заснована на докази, базирана на научни истражувања, искористувајќи го потенцијалот на подобри алтернативи за мажи и жени кои би продолжиле да пушат, помогна да се забрза оваа промена во последните неколку години. Но, и покрај овие напори, денес во Велика Британија сè уште има околу седум милиони возрасни кои пушат, а две третини од нив велат дека сакаат да се откажат.
Сѐ поголем број здравствени власти, вклучително и оние во Велика Британија, признаваат дека алтернативите и електронските цигари се значително помалку штетни од пушењето за оние пушачи кои би продолжиле да пушат. Тие поддржуваат користење на електронските цигари како ефикасна алатка за намалување на ризикот како би се надополниле постојните стратегии за обезхрабрувањето на започнувањето и да се поттикне откажување од пушење.
Најновите истражувања на јавното здравство на британската влада покажаа дека пушачите во Велика Британија шпекулираат дека алтернативите се штетни исто како и пушењето цигари. Покрај тоа, многу луѓе погрешно претпоставуваат дека најголемиот дел од ризикот од пушењето доаѓа од никотинот, кога всушност постои научен консензус дека никотинот не е водечка причина за болести поврзани со пушењето.
Главната причина се штетните хемикалии што се ослободуваат или се создаваат од согорувањето на тутунот и се наоѓаат во чадот. Како најголема тутунска компанија, Филип Морис е посветена на овозможување иднина без чад. Во текот на изминатите десет години, тие инвестираа повеќе од 7,2 милијарди американски долари во истражување, развој и тестирање на алтернативи без чад. Тие го развија IQOS, уред кој го загрева, но не го гори тутунот, нудејќи подобра алтернатива за пушачите. Тие се водени од строга програма за евалуација водена од науката, која е отворена и транспарентна и резултатите може да се видат и потврдат, независно, од пошироката научна заедница. Важно е да се напомене и дека производите без чад не се без ризик и дека секако најдобриот избор за пушачите е целосно да се откажат од пушењето.
Со децении, Велика Британија ги поддржуваше политиките за намалување на ризикот од тутун, фокусирајќи се на контроли и мерки што ги спречуваат луѓето да пушат и охрабрувајќи употреба на алтернативи без чад за оние возрасни кои инаку би продолжиле да пушат. Филип Морис е посветена на соработка со владите, регулаторите и здравствените власти за да се осигура дека возрасните кои инаку би продолжиле да пушат, имаат најголеми шанси да се откажат од пушењето засекогаш. Притоа, тие имаат важна улога во унапредувањето на јавното здравје како би се остварила целта за иднина без чад од цигари до 2030 година.