Есенска акција за раззеленување на Скопје со над 15 илјади сандици

Со есенската акција за раззеленување на Скопје предвидено е да се насадат повеќе од 15 илјади садници од пет различни видови на повеќе локации во градот. Градоначалникот Петре Шилегов објави дека точно 15.338 висококвалитетни садници ќе се посадат во главниот град Скопје. Од нив, 840 се топијари, 1.958 се зимзелени дрвја, 2.609 се листопадни, додека останатите 9.931 се грмушки и перени.

Градоначалникот најави и дека овогодинешните садници се значително повисоки што дава поголема гаранците дека нивносто засадување ќе биде успешно.

-Максималниот обем на дрвјата во 2020 година е 24 см, односно се засадуваат садници со веќе оформено стебло и речиси комплетно оформена крошна. Нивните шанси да опстојат се многу поголеми, а дополнително веднаш се постигнува и саканиот позитивен ефект врз природната средина како и здравјето на граѓаните. За разлика од 2016, кога максималната височина на дрвјата беше 3,5 метри, садниците засадени во 2020 година во просек се високи 5,5 метри, со значително поголеми крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и овозможување на попријатни услови за прошетки низ градот, дополни тој.

Треба да знаете
Последни објави