Соопштение за јавност- реакција на прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ
„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не направија ниту едно добро за европските интеграции во изминативе години, не направија ниту еден чекор напред за евроатлантската интеграција на земјава.
Напротив сите нивни позиции и дејствувања беа контра НАТО и контра ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ е деструктивна антидржавна партија која им забива нож во грб на граѓаните, нож во грб на државните интереси.
Тие кочеа кога се носеа реформите важни за иднината на државата, се обидоа да го кочат влезот во НАТО и останаа на страната спротивна на интересите на граѓаните и на државата.
Не може оние кои се контра ЕУ и НАТО, оние се контра сопствениот народ, да се нудат како спасители. Мицковски нема став за ниту една тема, за ниту една стратешка позиција, тој е изгубен во времето и просторот.

Храбрите и мудри политки на СДСМ за само три години ја одведоа државата од раб на граѓанска војна, во полноправно членство во НАТО и пред отворање пристапни преговори за ЕУ. Ниту едно деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја спречат нашата европска иднина.