Актерот Ентони Рап (49) во октомври 2017 година тврдеше дека оскаровецот Кевин Спејси (61) се обидел да го заведе откога го поканил на забава кога имал само 14 години. Но, во новите судски документи Кевин инсистира на тоа дека неговиот обвинувач не бил ни присутен на забавата на која се случил наводниот инцидент.
Во одговорот на верификуваната жалба, поднесена минатиот петок, адвокатот на Спејси напиша: „Обвинетиот признава дека бил во публиката за продукција на Precious Sons приближно кон крајот на осумдесеттите години, во кој тужителот Рап бил член на актерската екипа.
„Обвинетиот признава дека накратко се сретнал со тужителот Рап во неколку наврати најмногу, но интеракциите на обвинетиот со него биле периферни и ограничени. Обвинетиот негира дека го поканил тужителот Рап на која било забава во својот дом“, напишал адвокатот на Спејси.
„Обвинетиот негира дека се случил наводниот инцидент или каков бил друг акт што го тврди тужителот Рап“.
Пред два месеца Рап поднесе тужба против холивудскиот ветеран обвинувајќи го за сексуален напад што се случил во осумдесеттите години кога бил тинејџер.
Рап првпат јавно проговори против оскаровецот Спејси во 2017 година.