Пејачката Саманта Фокс (54), која на само 16 години се прослави како „гола ѕвезда“ на третата страница на британскиот таблоид „Сан“, откри дека ги осигурала своите гради за 1,1 милиони евра во осумдесеттите години.
„По совет на агентот, ги осигурав градите, секоја дојка за 550.000 евра. Тој ми рече -„ ако Бети Грејбл може да ги осигура своите нозе, можеш и ти градите “.
Кога престана да позира топлес во 1986 година, Саманта ја започна својата музичка кариера.
Пред неколку години призна дека не ја интересираат мажи и дека е лезбејка. Таа 12 години беше во врска со Мајра Стратон, која почина од рак во 2015 година. Сега е свршена за Линда Олсон, самохрана мајка на две деца, а еве како изгледа денес.