Едно лице е повредено во инцидентот кога автомобил се заби во оградата на влезот на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, јави ДПА. Лекарите со брза помош и помагаат на жртвата.
Според германската агенција, оградата на објектот не претрпе сериозни штети.
Германската полиција информираше дека возачот е во притвор.
Автомобил управуван од засега неименувано лице денеска удри во оградата на канцеларијата на германската канцеларка, но засега не се соопштуваат деталите за несреќата.
Според фотографиите на социјалните мрежи, на автомобилот што удрил во портата биле напишани и пораки.
„Стоп за политиката на глобализација” и „Проклети убијци на деца и стари луѓе”, пишува на вратата од автомобилот.
Во моментот на инцидентот германската канцеларка се подготвувала за виртуелен состанок со премиерите на 16-те провинции со цел да се разгледаат натамошните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.