Халанд: Можев да постигнам пет голови

Норвешкиот фудбалски интернационалец Ерлинг Халанд им се врати на головите во продолжението од англиската Премиер лига. На гостувањето кај Лидс, корпулентниот 22-годишен напаѓач постигна два гола за тимот на Манчестер сити во победата од 3:1.

Со овие два погодоци, Халанд стигна до 20 гола во првите 14 средби што ги одиграл во Премиер лигата, што е апсолутен рекорд. Халанд е прв стрелец во лигата со седум голови повеќе од вториот стрелец во најсилната англиска конкуренција, Хари Кејн.

-Можев да постигнам и пет гола, тоа е вистина. Најважно е што победивме. Арсенал е на врвот и мораме да ги „бркаме“, навистина сум среќен за победата, но јас како напаѓач можев да постигнам некој гол повеќе – порача Халанд по мечот со Лидс.

 

Треба да знаете
Последни објави