Општина Илинден врз основа на Законот за буџетите и законот за финасирање на Единиците на локаланта самоуправа, го спроведува процесот на изработка на Буџетот за 2021 година.
Со цел активно вклучување и партиципирање на граѓаните на Општина Илинден во процесот на креирање на Буџетот на општината и распределување на средствата за реализација на проекти, се покануваат сите заинтересирани граѓани да го потполнат Прашалникот за дефинирањето на приоритетните предлог проекти и активности со што ќе се придонесе во развојот на локалната заедница.
Општина Илинден ја практикува транспарентноста и граѓанското учество во креирањето на Буџетот, во насока на реализирање на барањата и потребите на граѓаните за овозможување и создавање на квалитетни услови за живеење.