„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“.
Таа на учесниците на конференцијата го пренесе искуството од брзото прилагодување на новонастанатата ситуација со пандемијата која целосно ги промени сите планови за лансирање на IQOS, долгоочекуваниот електронски уред со несогорлив тутун и на македонскиот пазар.
Според Дурнева, благодарение на големината и обемното искуство и познавање кое стои зад Филип Морис, спроведувањето на планот за онлајн лансирање бил изведен во целост за 3 недели, со огромна посветеност и фокус на тимот и голема поддршка од ИТ секторот.
„Голем број активности беа превземени во време на lockdown, од времен контакт центар, кренавме веб страна со сите потребни информации, имавме неколку кампањи за доедукација на постоечките корисници. Нас lockdown-от не не парализираше, напротив, не направи пофокусирани на потребите на нашите корисници“, рече Дурнева.
Таа го истакна значењето на грижата за корисници кое, во услови на глобална пандемија и зголемување на бројот на онлајн продавници, е она што всушност ги одвојува е-трговците по квалитет и што гради одржлив и долготраен бизнис.
„Затоа моја топла препорака е дека едукацијата на корисницте и квалитетната персонализирана поддршка е она што ги прави корисницте на долг рок полојални кон брендот, објасни Дурнева.
Таа смета дека и пред пандемијата, постоеа навики за пазарење онлајн, но пандемијата само го забрза прифаќањето на навиките за дигитално пазарење. Онлајн продажбата стана новото нормално. Но не е доволно само отворање на е-продавница. Мора постојано да се работи на надградба, од најмали едноставни подобрувања до некои покомплексни, бидејќи само така една е-продавница може да биде успешна приказна.
Годинешнава, трета по ред конференција, на која учествуваа над 300 учесници, се одржа онлајн, а се дискутираше за адаптацијата кон е-трговијата за време на КОВИД-19, искуството на е-купувачите, нивната безбедност и можностите кои ги нуди прекуграничната е-трговија. Конференцијата е во организација на Асоцијацијата за електронска трговија на Македонија, на која воведно обраќање имаа американската амбасадорка Кејт Мери Брнс и д-р Нина Ангеловска во функција на Претседател на асоцијацијата.