Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук-профил објави дека во Институтот за јавно здравје, заедно со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз го одбележале Денот на благодарноста, националниот празник на САД.
– Здравствените работници, луѓето кои се на првата линија на фронтот со Ковид-19 и неуморно се борат за секој човечки живот ја имаат целата благодарност на овој свет, наведе Филипче во објавата на Фејсбук.