Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини по победата над Ливерпул од 2:0 во Лигата на шампионите изјави дека тоа е неверојатно достигнување.
– Кога работев во Џенова, тие се сеќаваа како победија тука во 1992 година. Сега успеав да победам на „Енфилд” со Аталанта. Ова е неверојатно достигнување. Ова е исто така корисно од гледна точка на останување во комбинација за поминување на групната фаза, рече Гасперини.
По четири кола во Д-групата од Лигата на шампионите, Ливерпул е прв со девет бода, Ајакс и Аталанта имаат по седум, Митјиланд е без освоен бод.