Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ЕУ ќе биде подготвена доколку Велика Британија одлучи да ја напушти Унијата без трговски договор и покрај „реалниот напредок” во неизвесниот процес на преговори за Брегзит.
Британските медиуми пренесуваат дека трите главни пречки за постигнување договор се правото на риболов во британските води, механизмите за решавање на споровите и воведувањето правила што ќе гарантираат фер конкуренција.
-Иако имаме многу малку време на располагање, ќе сториме се што можеме за да постигнеме договор. Подготвени сме да бидеме креативни, но не сме подготвени да го доведуваме во прашање интегритетот на единствениот пазар, рече вчера Фон дер Лајан пред европските парламентарци.
Таа истакна дека на ЕУ мора да и биде овозможено да возврати со трговски мерки доколку Велика Британија ги поткопува работните и еколошките стандарди и дека европската рибарска индустрија сака долгорочна предвидливост во рамките на своите деловни активности.