Почна тридневната национална жалост во Аргентина во чест на починатат фудбалска легенда Диего Армандо Марадона чиј живот згасна вчера на 60 години како последица од срцев удар. За време на тридневната жалост неговото тело ќе биде изложено во Каза Росада, седиштето на аргентинската влада, каде што од утрово се собираат луѓе за да му оддадат почит.
-Да се биде Диего Марадона беше неверојатно убаво. Денешните фудбалски суперѕвезди како Лео Меси и Кристијано Роналдо може само да сонуваат да бидат толку обожувани. Тој беше феномен. Од друга страна, воопшто не беше лесно да се биде Марадона. Тој немаше нормално детство, немаше нормални тинејџерски години. Сите сакаа да бидат со него, сите сакаа делче од него, изјави Оси Ардилес, поранешниот аргентински репрезентативец .
По „Божјата рака“ како го нарекоа Марадона тагуваат и во Неапол, каде денеска во овој италјански град исто така е ден на жалост. Своите најдобри години во клупскиот фудбал Марадона ги мина во Наполи, клубот кој до неговото доаѓање во 1984 немаше позначајни успеси. Марадона помина седум години во Наполи, и за тој период клубот ги своите две единствени шампионски титули.