Питер Шилтон не може да се помири со „Божјата рака на Марадона“

Питер Шилтон беше голманот на англиската репрезентација што во 1986 година го загуби четврт-финалето на Светското првенство од Аргентина, мечот кога Марадона со рака постигна гол и ја најави елиминацијата на мундиалот на силниот тим од  „Гордиот Албион“. 

Кога светот му оддава почит на фудбалскиот мајстор Марадона, а Шилтон изразува сочувство и се присетува на тој натпреавр како што вели дека никогаш нема да се помири со тоа што го направи Аргентинецот во 1986 година.

-Мојот живот долго време се поврзуваше со Диего Марадона, но не на начинот на кој сакав. Тажен сум за неговата смрт, тој почина на релативно млада возраст. Без сомнение е еден од најголемите фудбалери со кои сум се сретнал и моите мисли се со неговата фамилија, вели Шилтон и почнува да го раскажува мечот од 1986 година.

-Тој ден во 1986 година во Мексико Сити, мислевме дека сме подготвени за Марадона. Четврт-финалето на Светското првенство против Аргентина беше најголемиот натпревар за Англија тогаш, а тој беше најопасниот противнички играч за нас.

Немавме посебен план за него, немавме определено човек што ќе го чува стриктно него. Само рековме дека ќе ги следиме неговите движења и ќе се обидеме да го сечеме, да не му дозволиме да се движи многу со топката. И речиси еден час тоа функционираше. Никој од нас не го очекуваше тоа што се случи следно. Како и би можеле да очекуваме такво нешто? Тој скокна со мене високо, но знаеше дека не може да ја стигне топката со својата глава, па ја удри со рака. Тоа беше јасен прекршок. Измама !!!
Дури и кога тргна да слави, се сврте двапати назад, и тој чекаше судијата да свирне. Знаеше што направи. Сите знаеја освен судијата и двајцата негови помошници. Вториот гол што го постигна беше фантастичен, тој дојде веднаш по првиот, но ние сѐ уште се чудевме што се случи неколку минути порано.
Прв пат на натпреварот го оставивме да трча и постигна гол. Тоа беше одличен гол, но се сомневам дека ќе го постигнеше доколку не се случеше првиот гол. Тоа ме прогонуваше со години. Не би лажел сега за тоа. Луѓето велеа дека сум требал да ја исчистам топката и покрај сѐ, да не дозволам низок човек да ме натскока. Но тоа се глупости. Тој немаше да ја удри топката со рака ако знаеше дека може со глава, нели? Се разбира дека не.
Тоа што не ми се допаѓа е тоа што никогаш не се извини. Никогаш не рече дека мамел и дека му е жал. Напротив, тој отиде со дефиницијата ‘Божја рака’. Тоа не беше во ред. Беше голем фудбалер, но не и фер-плеј. Низ годините имаше неколку обиди да се најдеме во иста соба со него. Мојот став секогаш беше ист, дека со задоволство би го направил тоа ако се извини. Би се ракувал со него. Но тој никогаш не даде знак дека може да се извини. Бев повикан и во аргентинско шоу со него, но не се појавив.
Не се чувствував само јас измамен, туку целиот тим. Имавме шанса да стигнеме до полуфиналето, па можеби и до финалето на СП, колку често се случува тоа?.
Како и да е, мислам дека ова не влијае на наследството на Марадона. Како што реков, тој навистина беше голем фудбалер, рамо до рамо со Пеле.
Беше посебен талент и тешко ми е да поверувам дека почина на само 60 години.
Чудно е што вчера беше 50-годишнина од моето деби за Англија, кое се случи против Западна Германија на Вембли. И наместо да се потсетам на тој настап за мојата земја, јас се потсетив на натпреварот што никогаш нема да го заборавам.

 

Треба да знаете
Последни објави