Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставниците од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива” од Куманово.
На средбата се разговараше за активностите и проектите на ова здружение во насока на подобрување на условите и можностите на лицата со попреченост во општествениот живот и меѓусебната соработка со Министерството за труд и социјална политика.
Како особено важни за процесот на поголема инклузија на лицата со попреченост беа посочени, воспоставувањето на Национален регистар на лица со попреченост, новиот Закон кој Министерството за труд и социјална политика сериозно го подготвува, а се однесува на вработувањето на лицата со попреченост, социјалната услуга поддржано вработување и Комисиите за функционална проценка на нивната работоспособност за да можат да бидат вклучени на пазарот на трудот.
Личната асистенција е од особено значење на лицата со попреченост и во насока на подобар одговор на нивните потреби соговорниците се согласија дека потребно е намалување на возрасната граница на корисниците на оваа социјална услуга.
Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за соработка и во иднина со цел создавање на добар систем на градење приоритети кои се од клучно значење за лицата со попреченост.