Зборувајќи за тоа дека во Србија сѐ повеќе луѓе умираат од кардиоваскуларни болести, отколку од коронавирусот, новинарите на ТВ Прва разговараа со српскиот кардиолог Вишеслав Хаи-Тановиќ кој дал јасни насоки за борба против коронавирусот.
-Тајната е во добрата превентива. Кога организмот ви е јак, кога има добар имунитет, тој може да се избори со сите вируси. Имаме податоци кои велат дека од срце се умира повеќе отколку од Ковид. Тоа е затоа што сме изложени на стрес и невижење. Ве советувам секое утро да направите лесна гимнастика, а потоа да шетате. Кога сте на отворено, извадете ја маската и дишете. Овозможете му на телото да добие кислород. Штом излезете надвор длабоко дишете“, вели докторот.
На прашањето како да ги вадиме маските, кога експертите советуваат и на отворено да ги носиме, докторот одговара:
-Тоа е глупост. Пропуст. Маската спречува доток на кислород. Кога сте на отворено и кога се движите, извадете ја маската, дозволете му на телото слободно да дише. Кога сте во затворено носете маски. Па истражувањата велат дека маската спречува доток на кислород до мозокот, поради тоа децата имаат намален ментален развој. Оние кои шетаат низ шума, мораат да ја извадат маската за да дишат, вели докторот и додава:
-Мој совет е сите додека короната трае да пијат: Витамин Ц, Витамин Д и аспирин. Секој ден. Аспиринот е задолжителен и пијте го навечер. Тоа ќе спречи колапс на белите дробови и ако дојде до заразување со коронавирус. Ние кога оперираме луѓе, тешко болни, им даваме да пијат аспирин до крајот на животот“, вели Хаџи-Тановиќ.
На прашањето како да спречиме ментални болести предизвикани од коронавирусот, вели:
-Нема причина за страв. Слушајте што ви говорат лекарите, водете сметка организмот да ви биде отпорен и здрав. Движете се и пијте витамини. Верувајте во медицината, затоа што оние кои веруваат во лекот, во лекувањето, побрзо и полесно закрепнуваат од оние кои не веруваат. Ако личноста постојано мисли дека ќе се разболи, дека ќе се зарази, до тоа и ќе дојде, советува докторот.