Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Виктор Ефремовски посакува две победи на претстојниот квалификациски турнир од групата за ЕП, кои најдобриот државен тим ќе ги игра со Италија и Естонија, во Талин.
– Ни следуваат тешки натпревари на кои ќе мора да дадеме сè од себе за победа. Да ги добиеме двата натпревари во Талин, тоа се моите желби. За жал поради ситуацијата со коронавирусот тренинзите во Скопје не ги одработивме со комплетниот ростер. Дури овде, во Талин, имаме можност да го формираме тимот и да тренираме сите заедно, односно со капитенот Стојановски и новиот соиграч Џејкоб Вајли. Времето е многу кратко, а ни следуваат тешки натпревари на кои ќе мора да дадеме сè од себе за победа.
„Црвено-жолтите” во рок од три дена, од 28 до 30 ноември ќе играат со селекциите на Италија и на Естонија. Најпрво в сабота против Италија, а два дена подоцна со Естонија.