Антидржавното ВМРО-ДПМНЕ со години ги погазува АСНОМ и НОБ, нека не ги валкаат светите имиња на македонските партизани

Соопштение за јавност-реакција на прес-конференција на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ

 

„ВМРО-ДПМНЕ има најмалку право да се повикува на Народно ослободителната борба и да зборува за партизаните и народните херои. Со децении ВМРО-ДПМНЕ погазуваше врз НОБ и АСНОМ!

Токму оваа партија идеологијата ја градеше со понижување на НОБ, на борците, партизаните, менување на нивното значење, бришење и менување на имиња на улици, булевари и установи кои беа именувани по македонски партизани, партија која за време на режимот, ги исфрли на улица живите борци и ги остави без простории, партија која создаде Музеј на жртвите на комунизмот.

ВМРО-ДПМНЕ може да застане само во првите редови во одбраната на криминалот и изолацијата. Затоа секое споменување на светите имиња на македонските партизани од ДПМНЕ е нивно валкање. Протестот и хистеријата што се шири е со единствена цел Мицкоски да ја спаси фотелјата во белиот дворец е уште еден обид да се закочи земјата, да се стави уште една сопка.

Секогаш, во сите клучни моменти за европската иднина, Мицкоски излегува во јавноста и се обидува да ги поткопува државните позиции, да ја кочи државата, да шири лаги и да подгрева тензии во јавноста. Нашата државност почива на делата на антифашизмот, а нашата слобода е резултат на антифашизмот. Македонскиот народ ја оствари својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија и го оствари својот вековен идеал за своја држава со АСНОМ-ска Македонија. АСНОМ е историска потврда на нашиот македонски јазик и нашиот македонски идентитет. А фашизмот, нема етничка боја!

Мицкоски нема чувство за тоа што е државен или национален интерес затоа што се води исклучиво од партискиот интерес. Затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција.

Треба да знаете
Последни објави