Реал се заинтересира за Фернандеш

Играчот за врска на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, може да стане член на Реал Мадрид.

Според „Марка” преговорите за трансфер на 26-годишниот Португалец ќе започнат во зимскиот преоден рок, доколку Реал го продаде Иско.

Оваа сезона, премиерлигашот Фернандеш одигра осум натпревари на кои постигна шест гола и направи три асистенции.

На фудбалскиот пазар цената на Португалецот е 80 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави