По низата реакции околу интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев, меѓу која и онаа на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, НОВА побара мислење од универзитетскиот професор и поранешен премиер Владо Бучковски. Според Бучковски, не е во ред некој да биде „обвинет“ за распродажба на историјата кога во исто време, како што истакнува, искрено се бори за нашата европска иднина.
– Македонија ја доживува својата катарза. Мене ми е ова Deja Vu. Jас се обидов во 2006-тата по средбата со бугарскиот премиер Станишев да проговорам за нашата заедничка иднина во ЕУ, врз основа на нашата заедничка историја и изразивме подготвеност за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј и Илинденското востание!
– Бев дочекан на нож од дел од медиумите. Еве ја насловната страна на најчитаниот печатен медиум дневниот весник „Дневник“: Премерот Бучковски ја рапродава македонската историја како да е на пазарот Илиенци во Софија!
14 години подоцна пак некој друг (Премиер), сега Заев е „обвинет” за распродажба нашата историја! Зошто? Затоа што, според мене, искрено се бори, од петни жили, за нашата европска иднина, смета поранешниот премиер Владо Бучковски.
Извор: Novatv.mk