Тензии во српскиот парламент, пратеник истакна албанско знаме (ВИДЕО)

Саип Камбери, пратеник на Обединетата долина – СДА Санџак во српскиот парламент, ги истакна знамињата на Србија и Албанија во парламентот.

Тој рече дека „ги бара истите права со Србите во Грачаница, тие да можат да постават српско знаме, а Албанците да можат да го користат албанското знаме во Прешево и Бујановац.

Поставувајќи пратенички прашања до претставниците на Владата на Србија, Камбери го истакна знамето на Албанија на јарболот пред неговата парламентарна клупа, што предизвика незадоволство кај присутните пратениците.

На тоа реагираше претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, кој побара од Камбери да го тргне знамето.

Немаме, немаме толеранција за кршење на деловникот, ве замолувам да го тргнете знамето – рече Дачиќ.

Камебери потоа повторно зборуваше и рече дека она што од него било побарано да го тргне албанското знаме е цензура.

Претседателот на Собранието, Ивица Дачиќ му рече дека според Деловникот, тој нема право да влезе со знамето на Албанија, како знаме на друга држава, што не е знаме на национално малцинство, и да го отстрани.

После тоа, Камбери го тргна знамето.

Премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека Камбери наместо за проблемите на граѓаните дискутира за знамето на Албанија.

Дали има поважно прашање од идентитетот, можеме да имаме пари и вработување, но ако немаме идентитет, јазик и писмо. Ова е знаме што Албанците го користат од 1443 година и тоа е повеќе национално знаме отколку државно – рече Камбери.

https://youtu.be/GNXUH5V3JcI

Треба да знаете
Последни објави