Легендарниот англиски фудбалер Пол Гасокоњ кој имаше бурен голман го „нападна“ неговиот сонародник, англискиот голман Питер Шилтон.
Шилтон стоеше на голот на Англија кога Марадона во 1986 година ја изведе славната „божја рака“. По неговата смрт Шилтон изрази сочуство, но додаде и дека никогаш нема да му прости на Диего затоа што не му се извинил за тој гол.
Гаскоњ го кажа својот став и го критикуваше Шилтон порачувајќи дека да не бил тој гол никој нема да знаел за него.
„Диего беше икона. Луѓето многу зборуваат за таа „божја рака“. Но, тој гол го создаде Питер Шилтон. Да, тоа е реалност и на некој начин тој треба да му биде благодарен. Ако Марадона не му го дадеше тој гол денес никој немаше да знае за него“, порача Гаскоњ.