Христијан Мицкоски на гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека има сознанија дека Зоран Заев има ветувано уште пред изборите 2016 година кај источниот сосед.
„Се што денеска го зборува, и дејствува, тој го има ветувано кај високи политчки групации пред изборите 2016 години. Тоа ми го кажаа сериозно високи политичари кај нашиот источен сосед. Не ме прашувајте кои, сега не би откривал, но имам докази“, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ апелираше до народот будно да ја следува ситуацијата.
„Апелирам на будно следење на ситуацијата, затоа што овој човек нема граница“, додаде Мицкоски.